Осимен и Јилмаз го РАСПЛАКАА Јуве во продолженијата!

59
ФОТО:.facebook.com/Galatasaray/

Трилер меч во Торино, Јуве го победи Галатасарај со 3:2, ама турскиот гигант се пласира во осминафиналето и таму ќе игра против Ливерпул или Тотенхем. Јувентус направи чудо, имаше водство од 3:0, одигра херојски и со играч помалку од 48.минута и ако се знае дека на првиот меч во Истанбул беше 5:2 за Галата, мораше да се играат продолженија. А таму Осимен и Јилмас погодија за гостите за конечни 3:2 и со тоа го РАСПЛАКАА Торино.

Стрелци на головите за Јуве беа Локатели, Гати и МекКени, но се беше бадијала. Инаку на голот на Осимен за 3:1 му претходеше големата шанса на Жегрова за 4:0.

Па така на крајот еуфорија кај играчите на Галата и нивните фанови кои за малку од готово ќе направеа вересија.

Сепак Галатасарај е во осминафиналето. Уште еден удар за италијанскиот фудбал кој остана само со еден претставник во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите.

ПретходноТешка повреда на Асенсио, веднаш пренесен во болница!