Алкалоид го закажа новото дерби со Вардар 1961

106

Во само седум дена, Алкалоид и Вардар 1961 повторно ќе ги одмерат силите, и повторно мечот ќе се игра во салата „Автокоманда“, истиот е прв во плеј-офот. Скопското дерби е закажано во сабота со почеток во 18:30 часот.

Вардар 1961 стартува од лидерската позиција со 42 бода, четири повеќе од Пелистер, пет од ГРК Охрид и седум повеќе од Алкалоид.

Пред седум дена избраниците на Кирил Лазаров повторно се покажаа како тврд противник, иако пред себе имаа европски Вардар 1961, мечот го загубија во самиот финиш. На овој меч се повреди капитенот, Игор Ѓоргиев, колку ќе биде подготвен за саботната пресметка ќе видиме во сабота. Задолжени за правдата на теренот ќе бидат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Пелистер својата прва средба во плеј-офот ќе ја има во петок против Тиквеш на гости, додека пак Бутел Скопје е домаќин на Охрид, меч кој се игра во сабота.

ПретходноЛука Станковски и официјално во Колос
СледноРеал без Мбапе во следните неколку недели