Грчевски го скрати списокот за двомечот со Белгија

42

Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го скрати списокот за двомечот со Белгија за квалификациите за Европското првенство 2026 година.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим се одлучи за 20 ракометарки. Првиот собир е закажан за во понеделник во малата сала во „Јане Сандански“. Македонија во овие квалификации нема победа, запиша два порази.

Македонија и Белгија најпрво ќе се соочат на 4 март во Белгија, додека на 7 март од 17:00 часот е дуелот во Куманово.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА и годинава спонзор на Христијан Бузалковски
СледноШпанецот ги одреди „финалните 12“ за дуелот со Луксембург