Нов пораз на Лејкерси, Милвоки продолжи победнички

90

Кошаркарите на Милвоки славеа против Мајами со 128-117 во еден од највозбудливите дуели синоќа во НБА лигата. Бакси ја остварија четвртата победа во последните пет натпревари, иако Мајами беа рамноправен противник во поголемиот дел од натпреварот и влегоа во последната четвртина со водство од 93:89, а на почетокот од последниот период имаа девет поени предност. Сепак, Милвоки на крајот го сврти резултатот, а клучниот момент дојде кога Кевин Портер Џуниор погоди за 118:116.

Најефикасен играч во победничкиот тим беше Кевин Портер Џуниор со 32 поени, додека Боби Портис и Рајан Ролинс додадоа по 21.  За Мајами, Норман Пауел се истакна со 26 поени, а Бам Адебајо имаше 18 поени и девет скока.

Оклахома Сити го победи Торонто со 116-107, што е нивната петта победа во шест НБА натпревари. Оклахома, која беше без Шеи Гилџес-Александар, до победата ја предводеа Кејсон Волас со 27 и Исаија Џо со 22 поени.

Кошаркарите на Орландо ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 110:109 на гостински терен, благодарение на поените на Вендел Картер на 6,7 секунди до крајот на натпреварот. Најефикасен играч на победничкиот тим беше Паоло Банкеро со 36 поени и десет скока, а кај Лејкерси Лука Дончиќ постигна 22 поени и 15 асистенции, и Леброн Џејмс и ДеАндре Ајтон имаа по 21 поен. Џејмс промаши тројка во последниот шут на Лејкерс во натпреварот.

Резултати од НБА лигата:

Индијана – Филаделфија 114:135

Атланта – Вашингтон 119:98

Бруклин – Далас 113:123

Кливленд – Њујорк 109:94

Торонто – Оклахома 107:116

Чикаго – Шарлот  99:131

Милвоки – Мајами 128:117

Њу Орлеанс – Голден Стејт 113:109

Феникс – Бостон 81:97

Портланд – Минесота 121:124

ЛА Лејкерс – Орландо 109:110

ПретходноПарондо: Честитки до Вардар, на моите момци не можам да им замерам ништо!
СледноИталијанските клубови на работ на историски срам во Лигата на шампионите