Србија – Турција 1:1, може и така да се каже по вечерашните мечеви од Евролигата во рамките на 29.коло.
Прво “црно-белите“, иако имаа водство до третата четвртина сепак беа поразени на гости кај големиот фаворит Фенербахче со 81:78. Со оваа победа Фенер се зацврсти на чело на табелата а Партизан сега е на претпоследното место. Хортон – Такер со 29 поени беше нерешлива енигма за гостите од Белград.
Ц. Звезда како домаќин славеше против Ефес со 91:81. Уште една победа за тимот на Саша Обрадовиќ, па така сега “црвено – белите“ се наоѓаат на 7.место на табелата. Батлер со 21 поени се истакна кај победничкиот состав, додека Доужер кај гостите со исто толку поени.
На останатите мечеви Жалгирис го победи Олимпијакос со 99:94 по продолженијата, додека Виртус беше подобар од Барселона со 85:80.










