Петков: Победата против Луксембург и ништо друго!

24

Марин Петков беше дел до националниот тим во оние претквалификации за Светскиот куп 2027 година. Се најде на списокот на сега веќе поранешниот селектор Марјан Илиевски. Но, повредата не му дозволи да влезе во финалните „12“ кои го одиграа тој репрезентативен циклус.

А откако ги остави проблемите зад себе, и заигра одлично во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, младиот бек одново е во сениорскиот национален тим.

Младиот репрезентативец гледа со голем оптимизам за периодот што следува. Македонија во петок го пречекува Луксембург во салата „Градски Парк“, а потоа е гостин на Азербејџан во Баку.

„Нормално, очекуваме да победиме. Знаеме дека Луксембург е добра репрезентација, како и ние, имаат две победи во првиот круг, така што победата е доста важна. Може да кажам дека би била и најважната во овие два меча кои следуваат“.

Што се однесува до начинот на работа на новиот селектор, Жозеп Мариа Берокал и неговите соработници, тој е задоволен, полека, но сигурно Македонија ќе почне да го менува стилот на игра.

„Интересно е на тренинзите. Тоа е прво. Системот е сличен, но и различен. Овие два-три дена поставивме некои планови за игра во одбрана, и планови за играта во нападот.

Мислам дека на секоја репрезентација би и одговарал шпанскиот стил на игра. Се знае дека Шпанците се една од подобрите кошаркарски земји. заедно со САД и Србија. Оттука, стилот на игра сигурно е дека ќе изгледа добро, дека ние ќе изгледаме добро. И секако, одиме на победа“ – верува Петков во успехот на нашата селекција.

ПретходноФормула 1 и Турција потпишуваат петгодишен договор
СледноШок вест од Босна: Матеј Цветаноски со скршеница на ногата