По голема драма и неверојатен кам-бек: Пелистер освои бод на гости кај ГОГ

181
Фото: Еурофарм Пелистер

По голема драма, Пелистер со бод се враќа од гостувањето кај Гог 28-28 (15-11) во меч од 12. коло во Лигата на шампиони. Македонскиот првак на крилата на искусниот Никола Митревски во вториот дел приреди неверојатен кам-бек и го заслужи овој бод, иако истиот нема да промени многу во однос на пласман во нокаут-фазата, но никогаш не се знае.

Никола Митревски беше главен креатор на кам-бекот на неговиот тим, запиша 13 одбрани. Видомски имаше седум гола, по шест запишаа Кузмановски и новото засилување Граховац. 

Данскиот тим после 10 минути игра имаше водство од 5-2. Нешто подоцна, Манасков пропушти украде топка, но направи техниќка грешка, па по две грешки на Видомски, ГОГ на средината на овој дел одново дојде до плус 4 (8-4). Митревски со неколк одбрани се обидуваше да го разбуди својот тим, но македонскиот првак правеше технички грешки, па противникот во 28-та минута имаше водство од пет гола (13-8). Кузмановски од седум метри и Видомски вратија за 14-11, но Бјере со брзина на светлината на одморот ги постави 15-11. Во овој дел данскиот тим не играше „седум на шест“.

Домаќинот на стартот на второто полувреме, по втор пат на мечот дојде на плус пет (16-11). Период во кој тешко можеше да се претпостави дека македонскиот првак ќе приреди кам-бек. Од пред средината на овој период, Пелистер на крилата на Митревски полека, но сигурно успеа да приреди неверојатен пресврт. Со серија од 6-1, македонскиот тим го запиша првото водство на мечот 24-25 во 54. минута.

Лике беше ракометарот кој конечно успеа да го совлада Митревски за 25-25. Во овој период ГОГ играше „седум на шест“, а Пелистер во 57. минута остана со играч помалку. Расмунсен го врати водството (26-25). Хакбарт одговори за 26-26 и за голема драма. Граховац подоцна изедначи на 27-27. Истиот ракометар заработи црвен картон на 50 секунди до крајот. ГОГ ја искористи предноста за 28-27, но Видомски донесе 28-28. Судиите ја вратија снимката од последниот напад на противникот, па досудија само слободен удар.

До крајот на групната фаза на македонскиот првак му остануваат уште два меча, на домашен терен против ПСЖ и гостувањето кај Барселона.

ПретходноГотово е: Винисиус во Реал до 2030 за 27 милиони евра годишно!
СледноЛудата завршница и голот на Видомски за реми (ВИДЕО)