Растодер повторно “тресе“ за Тун!

54
ФОТО: FC Thun/FB

Нема дилеми дека Елмин Растодер е во супер форма. Македонскиот репрезентативен напаѓач ја продолжи својата голгетерска серија и вечерва за својот Тун на гостувњето кај Винтертур. Лидерот на табелата во елитната лига во Швајцарија победија со 0:3, а вториот гол беше дело на нашиот напаѓач во таа 59.минута. Ова за него е десетти гол сезонава за Туин во шампионатот на Швајрација и со тоа се наоѓа во горниот дел од листата на стрелците.

Со оваа победа Тун сега има 61 бод, 14 повеќе од вториот Сент Гален, во пресрет на стартот од плеј – офот. Јасно е дека на Растодер и неговиот Тун титулата им се насмевнува.

ПретходноЛШ: Самарџиќ со гол од пенал во 90+8.минута ја однесе Аталанта во осминафиналето!
СледноЈунајтед го враќа Бајиндир во Турција