Тешка повреда на Асенсио, веднаш пренесен во болница!

171
ФОТО:screenshot

Нова, лоша вест за сите во Реал Мадрид.Во завршницата од натпреварот против Бенфика, Раул Асенсио мораше да биде изнесен од теренот на носилка носејќи трака за врат по силниот судир со својот соиграч Камавинга додека се бореше за воздушна топка. 

Првите моменти беа загрижувачки, играчот беше целосно неподвижен на теренот на   „Бернабеу“ . Набрзо стана јасно дека има проблеми со вратот , што го натера медицинскиот персонал на Реал Мадрид да му стави ортопедска вратна лента . Кратко потоа, играчот, го напушти теренот на носилка. Потоа беше однесен во болница на подетален преглед на неговата физичка состојба.

ПретходноСлатка одмазда на Винисиус: Реал е во 1/8 финалето во ЛШ, таму е и ПСЖ а во Торино се играат продолженија!
СледноОсимен и Јилмаз го РАСПЛАКАА Јуве во продолженијата!