Финк: На нас е да испишеме клупска историја

62

Утре со почеток од 18:45, актуелниот македонски шампион, тимот на Шкендија, го игра реванш дуеот од 1/16 финалето од елиминационата фаза од Лигата на Конференции против тимот на Самсунспор од Турција.

Во првиот дуел, гостите во Скопје на Арената Тодор Проески триумфираа со минимални 0:1, а сега Шкендија оди што се вели по сензација во Турција. Ништо не е загубено, има да се доиграат уште деведесет минути, а за тоа е свесен и тренерот на Самсунспор, германецот Торстен Финк.

„Ова ќе биде мој прв меч пред домашната публика. Секако дека да се стигне до оваа фаза од натпреварувањето е историја за клубот. Испишуваме историја на клубот во овие мечеви. Кратко време сум тука, но ја чувствувам енергијата на тимот, на клубот. Добро игравме и во Скопје, и против Караѓумрук. Имавме посед, сакам таа енергија да ја покажеме и утре. Апсолутно ни е потребна победа. Можеби ќе направиме измени. Можеби ќе настапиме со два напаѓачи. Не сакаме да чекаме, да тактизираме. Сакаме да нападнеме. Сакаме игра со енергија и самодоверба. Секако, потребни ни се и навивачите за да го постигнеме тоа“ – рече Финк на официјалната прес конференција пред утрешниот меч против Шкендија.

 

 

ПретходноСкопје не застанува зимава: Душко Трајчевски на Автокоманда
СледноТри популарни спортови ќе бидат „избришани“ за Зимските олимписки игри во 2030 година