Шок вест од Босна: Матеј Цветаноски со скршеница на ногата

222
FOTO SPORTSPORT BA

Македонскиот интернационалец во редовите на Железничар, Матеј Цветаноски на денешниот куп натпревар на својот тим против тимот на Слога Добој, се здоби со тешка повреда односно скршеница на ногата.

Босанските медиуми веднаш ја пренесоа веста, со назнака дека се работело за страотна сцена во која веднаш станало јасно дека се работи за тешка повреда на нашиот интернационалец. Несреќниот момент се случи по стартот на противничкиот играч Мандиќ

Веднаш реагирал лекарскиот тим на Железничар, а потоа со возилото на итната помош Цветаноски бил пренесен во болница.

 

ПретходноПетков: Победата против Луксембург и ништо друго!
СледноСкопје не застанува зимава: Душко Трајчевски на Автокоманда