Алушовски: ГОГ игра „седум на шест“ – одбраната ќе биде клучна!

61

После поразот од Висла Плоцк на домашен терен, Пелистер денеска (18:45 часот) продолжува во мечевите во Лигата на шампиони. Македонскиот првак е гостин на ГОГ, тим од кого загуби пред своите фанови во првиот дел и тим кој се наоѓа на шестото место на табелата со скор од четири победи и седум порази. На другата страна битолчани имаат две победи и девет порази.

Тренерот на Пелистер, Стевче Алушовски го потенцира главниот адут на данскиот тим, а тоа е играта „седум на шест“ која добро функционира. Па, оттука за него најважна ќе биде одбраната.

„Го анализираме ГОГ Гудме, знаеме кој е вицешампионот на Данска. Загубивме тука во Битола од нив, но тоа не значи дека ќе биде исто и во реваншот. Нивен најголем адут е играта „седум на шест“ и играат добро со двата пивотмени. Треба добро да се подготвиме. За играта „шест на шест“ ќе се подготвиме, но главен проблем ќе биде таа игра „седум на шест“, како и во Битола. Ставаме акцент на тој сегмент, а ќе промениме и некои детали во нападот. Но, не ја гледаме шансата да го добиеме натпреварот преку играта во напад, туку благодарение на одбраната. Секогаш наша основна цел е играта во одбрана. Ако ја сопреме нивната игра „седум на шест“, имаме шанси да се вратиме со позитивен резултат“, изјави Алушовски.

ПретходноЛШ: Јувентус и Аталанта за спас на италијанскиот фудбал, Реал и Бенфика во нова „војна“
СледноПоранешен судија за Винисиус: Сериски провокатор кој понижува, презира и генерира насилство