Веспрем без проблеми со Динамо Букурешт, Нант славеше на гости

22
ФОТО:.facebook.com/handballveszprem

Вечерва покрај мечот на Пелистер со ГОГ Гудме, на кој нашиот шампион освои бод како гостин, се одиграа уште два меча од 12.коло во ракометната Лига на Шампиони.

Веспрем на свој терен успеа да го победи Динамо Букурешт со 35:28. Унгарскиот гигант немаше никави проблеми, одигра квалитетно и дојде до убедлива победа со која стави печат на пласманот во осминафиналето. Дескат со 9 голови беше најефикасен кај домашните, додека кај гостите пет голови запиша Вујовиќ.

Нант како гостин славеше кај Колстад со 26:33. Со оваа победа францускиот тим сега има 12 бодови од 12 натпревари во Групата А.

Кај домашните со осум голови се истакна Јепсон, додека кај гостите Леополд запиша седум погодоци.

ПретходноШампионот вечерва го одработи тренингот во Самсун: Нема предавање! (ФОТО)
СледноПартизан поразен од Фенер, Ц. Звезда со победа против Ефес!