Готово е: Винисиус во Реал до 2030 за 27 милиони евра годишно!

55
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Нема ден Винисиус да не е во центарот на вниманието. Ако во минатата недела тоа беше поради настаните во Лисабон и инцидентот со Престијани, сега во пресрет на реваншот со Бенфика, Бразилецот одново е главна вест.

А таа е дека има договор меѓу него и Реал Мадрид за продолжување на договорот и тоа до 2030 година со назнака да може истиот да биде продолжен до 2031. Да потсетиме дека неговиот постоечки договор истекува следниот јуни а во меѓувреме имаше неколку понуди од С. Арабија, а се знае дека во неколку наврати не можеше да најде заеднички јазик со “кралевите“ поради платата.

Најново е тоа што Винисиус се согласил на 22 милиони евра годишна плата и лесно остватрливи бонуси кои би стигнале до 27 милиони евра. Инсајдерските информации велат дека се е готово, се чека само на формализирање на новиот договор.

ПретходноЈунајтед оствари профит по суровите мерки на Сер Џим Ретклиф!
СледноПо голема драма и неверојатен кам-бек: Пелистер освои бод на гости кај ГОГ