Колку пари ќе заработи Бодо од пласманот во осминафиналето на ЛШ?

266
фото: SERIE A LAWAS (X)

Со сензацијата во плејофот за осминафиналето од Лигата на шампионите со елиминирањето на Интер, заработката на норвешкиот клуб е екстремно висока во однос на нивото на клубот во последните 10-тина години.

Во осминафиналето од Лигата на шампионите Норвежаните ќе играат против Манчестер Сити, кого веќе го победија во лигашкиот дел или против Спортинг од Лисабон. Тие ќе го дознаат својот противник во петок, а без разлика против кого ќе играат, Бодо има загарантирани 11 милиони евра за влез во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Норвешкиот клуб досега оваа сезона заработи вкупно 51 милион евра од Лигата на шампионите, бидејќи 40 милиони евра се загарантирани преку пласман во лигата, резултати во таа фаза, пласман и вредност.

Осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се игра 200 километри северно од Арктичкиот круг во малото рибарско гратче Бодо, па кој и да биде ривал на Норвежаните ќе има голем предизвик, особено на ова гостување.

ПретходноРеал го праќа Мастантуоно на едногодишна позајмица
СледноУ18: Капинковски ги објави повиканите фудбалери за двомечот со Бугарија