Лука Станковски и официјално во Колос

220

Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Лука Станковски од денеска и официјално е нов член на украинскиот прваолигаш, тимот на Колос.

Офанзивецот пред неколку дена замина од српски Раднички во трансфер од 350.000 долари (15% од следниот трансфер одат за Раднички) во амбициозниот украинскиот прволигаш, кој се одлучи да го откупи договорот на Станковски и во него да инверстира како во следна своја ѕвезда.

Со ова завршува сагата за Станковски, кој во претходниот период немаше добар статус во Раднички, туку го загуби првотимскиот статус и немаше голема минутажа.

Тој го направи еден од најголемите трансфери кога од Работнички замина во турски Газијантеп, таму не ја дочека својата вистинска шанса, замина на позајмици во втората турска лига и во Словенија, за да премине во Раднички каде што од почетокот имаше одлични настапи и заработи сениорски репрезентативен статус. Промената на неколку тренери во клубот го стави во позиција да менува средина, тој сега ќе има шанса да го покаже својот квалитет, кој несомнено го има.

ПретходноПотег за поздрав: Салата „Работнички“ ќе го носи името на Лазар Лечиќ
СледноАлкалоид го закажа новото дерби со Вардар 1961