Фудбалерите на Шкендија вечерва го одработија оној вообичаен тренинг во пресрет на утрешниот реванш меч од плеј – офот во Лигата на Конференции на гости кај Самсунспор. Имаа можност да се запознаат со новото здание во градот Самсун, каде утре од 18:45 часот ќе играат против еден силен тим како што е турскиот.
И покрај негативата што ја имаат од првиот меч во Скопје, атмосферата во таборот на нашиот шампион е добра. Играчите знаат дека утре ги чека тежок меч, но тие ветуваат голема борба и посакуваат да одиграат многу подобро од она што го одиграа во Скопје.
Едноставно велат дека нема предавање, ќе се даде се од себе, дали ќе биде тоа доволно за изненадување, ќе се види по мечот.















