Барселона останува без Де Јонг најмалку 5 недели

102
фото: FC Barcelona (X)

Барселона објави детали за повредата на Френки Де Јонг.

Откако претходно беше објавено дека играчот од средниот ред заработил повреда на мускулот за време на тренингот, денеска стигнаа информации за должината на опоравувањето.

„Утрово за време на тренингот, играчот на првиот тим, Френки де Јонг, претрпе повреда на дисталниот бицепс мускул на десната нога. Тестовите потврдуваат дека процесот на закрепнување ќе трае помеѓу 5 и 6 недели“, соопшти каталонскиот клуб.

ПретходноСкамака по големиот успех на Аталанта: Направивме нешто извонредно
СледноДемикелис седнува на клупата на Мајорка