Кристијано Роналдо и официјално ко сопственик на Алмериа

98

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, сеуште активниот Кристијано Роналдо полека се врти кон бизнис олановите кои што ги има периодов, и кои што еден по еден полека ги остварува.

По отворањето на хотели, ресторани, „билдање“ на сопствениот бренд, португалецот се одлучи да инвестира и во фудбалот.

Поточно, стана ко сопственик со купени 25% од акциите на шпанскиот клуб Алмериа.

„Алмериа е шпански клуб со силни темели и огромен потенцијал за развој. Среќен сум што ќе бидам дел од овој проект, што ќе работам заедно со раководството на клубот и ќе се потрудиме да го издигнеме на највисоко можно ниво“ – рече Кристијано Роналдо.

Алмериа во моментов е член на Секунда дивизијата и го држи третото место.

ПретходноКошаркарската федерација на Македонија оддаде почит на претседателот Борис Трајковски
СледноПознати четвртфиналните двојки во Купот на Македонија во футсал