Синоќа во рамките од елиминационата фаза од Лигата на Шампионите, тимот на Реал Мадрид на свој терен ја совлада Бенфика и на тој начин мина во следниот круг.
„Кралевите“ не го сторија тоа на лесен начин, напротив, Бенфика имаше многу што да каже во овие два дуела. Сепак, квалитетот на крај исплива на површина.
Сепак, и покрај успехот на Реал, денеска овој меч се споменува и по друг лош основ.
Имено, при прославата на еден од погодицте на Реал, крупниот кадар на камерата покажа дел од домашните навивачи. Во истиот, поединец, отпоздрави со поздрав кој што е забранет. Оној нацистичкиот.
Од клубот веднаш реагираа и преку службите го пронајдоа дотичниот навивач. Кој што нормално најпрво беше отстранет од трибините на самиот меч, а денеска му е одземено и членството на клубот. Реал Мадрид објави и официјално соопштение во кое вели дека вакви работи не меат да се случуваат и истите ќе бидат најстрого санксионирани.










