Ѓорѓиев го однесе Карловарско во финалето на чешкиот куп

51

Капитенот на макеоднската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев и неговиот нов тим Карловарско обезбедија пласман во големото финале на чешкиот одбојкарски куп. Предводени од расположениот Ѓорѓиев, одбојкарите на Карловарско во полуфиналето денеска против екипата на Одолена Вода славеа со 3:1.

Во сабота, Ѓорѓиев ќе ја има првата шанса за освојување на трофеј и со чешкиот тим во чии редови ја игра 21-та интернационална сезона. Во финалето Карловарско го чека подобриот од мечот меѓу Прага и Чешке Будејовице.

ПретходноЛЕ: Штутгарт и Ференцварош во осминафинале, продолженија во Белград и Плзен (ВИДЕО)
СледноЛил ја „замолкна“ „Маракана“: Ц. Звезда елиминирана по продолженија (ВИДЕО)