Баерн демолиран во Мадрид, Нено постигна 11 поени

43
фото: Real Madrid Basket (X)

Кошаркарите на Баерн (М) претрпеа втор последователен пораз во Евролигата. Вечерва нашиот Димитријевиќ и неговите соиграчи претрпеа тежок пораз на гостувањето кај Реал во Мадрид со 93:70.

Димитријевиќ одигра скоро 30-тина минути за екипата на Баерн, но очигледно не можеше многу да помогне во лошата игра на целиот тим. Нашиот кошаркар средбата ја заврши со 11 поени, два скока и три асистенции.

Ова беше 17-тиот пораз за минхенскиот тим кој останува на 15. место на табелата.

ПретходноЕтиопијка го загуби среброто од СП затоа што не се појавила на допинг тест
СледноЛЕ: Динамо (З) се избори за продолженија, Болоња, Селта и Нотингем во осминафинале