Дербито се игра в сабота: Ова се термините на натпреварите од 20.коло во ПМФЛ!

212
ФОТО: FFM.MK

По возбудувањата во 1/4 финалето во Купот на Македонија, каде имаше две сензации или фудбалски “земјотреси“, од утре се враќаме на настаните во пролетниот дел во тековната сезона во ПМФЛ.

Од петок до понеделник се играат сите мечеви од 20.коло. Јасно е дека дербито се игра во Струга и тоа во сабота од 14 часот каде Струга ТЛ која има лош пролетен старт, го дочекува лидерот Вардар кој е во шок по елиминацијата во Купот. На стружани бодовите им се повеќе од потребни ако се знае дека во првите три пролетни меча освоија само бод. Ако сакаат стружанида останат во игра за титулата, ќе мора по секоја цена, ама баш по секоја цена да слават против Вардар.

Интересно, Работнички и Шкупи играат на Арената “Тодор Проески“ во сабота и тоа од 12 часот, во „утрински“ термин.

ДВОЈКИ ЗА 20.КОЛО

27.02.2026 (ПЕТОК)

Куманово: Башкими – Брера (14 ч)

28.02.2026 (САБОТА)

Скопје: Работнички – Шкупи (12 ч)

Струга: Струга ТЛ – Вардар (14 ч)

01.03.2026 (НЕДЕЛА)

Кавадарци: Тиквеш – Силекс (14 ч)

Гостивар: Арсими – Македонија ЃП (14 ч)

02.03.2026 (ПОНЕДЕЛНИК)

Тетово: Шкендија – Пелистер (14 ч)

ПретходноМурињо во свој стил – се скри на „Сантијаго Бернабеу“
СледноИнтервју со Владо Илиевски: Македонија ми е во срцето, тука сонцето е поразлично од било кое друго во светот!