Кошаркарската федерација на Македонија оддаде почит на претседателот Борис Трајковски

355

Претседателот на Кошаркарската Федерација на Македонија, Томе Главчев, како и потпретседателот Младен Ѓуровски денеска положија цвеќе пред бистата на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски кој што на денешен ден трагично загина во авионска несреќа.

На денешниот датум се навршуваат 22 години од трагичната авионска несреќа кај Ротимље, во близина на Мостар, во која животот го загуби поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, заедно со членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Во несреќата, покрај претседателот Трајковски, загинаа и Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, како и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

По тој повод, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, кој го носи името на трагично починатиот претседател, свежо цвеќе положија бројни делегации. Во име на Кошаркарската федерација, цвеќе положија претседателот на Федерацијата, Томе Главчев, како и потпретседателот Младен Ѓуроски.

Со овој чин на почит, Кошаркарската федерација уште еднаш ја изразува својата благодарност и респект кон ликот и делото на претседателот Борис Трајковски, човек кој остави длабока трага во современата македонска историја.

Неговиот придонес за стабилноста, меѓународната афирмација и развојот на државата останува трајно врежан во колективната меморија на граѓаните.

Нека му е вечна слава.

ПретходноНавивачите на Реал може да здивнат, после тешката повреда се огласи Асенсио
СледноКристијано Роналдо и официјално ко сопственик на Алмериа