ЛЕ: Штутгарт и Ференцварош во осминафинале, продолженија во Белград и Плзен (ВИДЕО)

28

Екипите на Штутгарт и Ференцварош први обезбедија место во осминафиналето на Лигата на Европа. Вечерва, иако загубија на домашен терен од Селтик со 1:0, фудбалерите на Штутгарт се пласираа во следното коло по убедливите 4:1 кои ги донесоа од првиот натпревар во Глазгов.

Екипата на Ференцварош, пак успеа да ја надомести негативата од еден гол од гостувањето кај Лудогорец и вечерва на домашен терен славеше со 2:0 што беше доволно за осминафинале. Головите за победа на домашните ги постигнаа Каниховски и Захариасен.

Натпреварите Ц. Звезда – Лил (0:1) и В. Плзен – Панатинаикос (1:1) одат на продолженија.

ПретходноЛК: Со дебакл во Самсун заврши европската БАЈКА на Шкендија! (ВИДЕО)
СледноЃорѓиев го однесе Карловарско во финалето на чешкиот куп