ЛК: Шкендија сака да испише нова историја!

34

Иако во Скопје на Арената “Тодор Проески“ на првиот меч од плеј – офот во Лигата на Конференции беше 0:1 за Самсунспор, нашиот шампион нема намера така лесно да се предаде. Шкендија оваа сезона во Европа покажа дека може и тоа како против силни тимови како Самсун, Шкендија испиша историја со пласман и настап во европска пролет, но тетовци посакуваат испишување на нова историја, а тоа е пласман во 1/8 финалето во ова европско натпреварување.

Играчите и стручниот штаб на чело со Јетон Беќири не чувствуваат притисок, знаат добро против кого си имаат работа, Самсунспор е еден од најсилните тимови во турската Суперлига, лани сезоната ја заврши како трет. И да не беа тие 0:1 во Скопје, секако дека тимот на Торстен Финк ќе беше фаворит во пресрет на вечерашниот реванш кој почнува од 18:45 на “Самсун стадионот“ во Самсун. Реално турскиот тим поседува неспорен квалитет, тоа го покажа и во првиот меч, но во фудбалот никогаш не е готово се до оној момент до кога навистина ќе биде готово. Секогаш има шанси да се стори нешто, да се дојде до неверојатен успех. Велиме тетовци не се под притисок од проста причина што тие своето веќе го направија. Тие се првиот македонски клуб кој ја дочекал пролетта во Европа, тоа никогаш и никој не може да му го одземе, а вечерва во Самсун ќе играат за себе, за своите фанови, за нешто што ќе биде фантастично за наши услови.

Откако го пропуштија првиот меч во Скопје поради картони Александер Трумчи и Лиридон Љатифи ќе бидат во комбинација, значи тренерот Беќири ќе може да смета на сите свои расположиви сили.

Ова ќе биде 69-ти меч во Европа за Шкендија во својата историја и ќе биде 16-ти оваа сезона во фудбалска Европа.

На крај да кажеме дека главен судија ќе биде Симоне Соца од Италија.

ПретходноМеси ги излуди навивачите во Порторико
СледноРепрезентациите на 13 мај означуваат старт на подготовките за Европската лига 2026