Македонија У18 поведе па загуби од Бугарија во Струмица (ВИДЕО)

79

Македонската репрезентација до 18. години загуби на првиот од двата пријателски мечеви против соодвената селекција на Бугарија.

На дуелот одигран денеска во Струмица на комплексот на Брера, младите репрезентативци беа поразени со конечни 1:2.

И покрај фактот што поведовме по само 17. минути игра со голот на Флори Иљази, сепак во вториот дел противникот направи пресврт.

Најпрво Македонија имаше можност за двојно водство но Давид Ангелевски го промаши ударот од белата топка. Во 61. минута Мранков изедначи на 1:1, за да потоа Михајлов во 74. минута направи комплетен пресврт.

Во сабота на 28. февруари возвратната пресметка ќе се одигра во Петрич, Бугарија.

Македонија – Бугарија 1:2 (1:0)

Стрелци: Илјази 17 (М) Мранков 61, Михајлов 74 (Б)

Македонија: Трајков, Рочи, Варошаноски, Димовски, Хоџа, Ангелевски, Мрмачовски, Илази, Велков, Танчев, Секирски

ПретходноПознати четвртфиналните двојки во Купот на Македонија во футсал
СледноАлегри размислува за својата иднина на “Сан Сиро“!