Кошаркарите на Баерн (М) претрпеа втор последователен пораз во Евролигата. Вечерва нашиот Димитријевиќ и неговите соиграчи претрпеа тежок пораз на гостувањето кај Реал во Мадрид со 93:70.
Димитријевиќ одигра скоро 30-тина минути за екипата на Баерн, но очигледно не можеше многу да помогне во лошата игра на целиот тим. Нашиот кошаркар средбата ја заврши со 11 поени, два скока и три асистенции.
Ова беше 17-тиот пораз за минхенскиот тим кој останува на 15. место на табелата.










