Легендата на Баерн (М) и на аргентинскиот фудбал, Мартин Демикелис, постигна договор со Мајорка да стане главен тренер на тимот до крајот на сезоната, објави „Марка“.
Поранешниот дефанзивец на Баерн и Манчестер Сити е единствениот што се согласи на тримесечен договор што го понуди Мајорка. Иднината на Аргентинецот во клубот е сè уште неизвесна.
Последната работа на 45-годишниот тренер беше во мексиканскиот клуб Монтереј од кој си замина во 2025 година.










