Денеска со жрепка беа одредени двојките за четвртфиналето во футсал Купот на Македонија.
Бранителот на трофејот КФМ Форца му гостува на КМФ Клими.
Финалистот од претходното издание КМФ Осогово е домаќин на КМФ Проект, а во останатите две средби се среќаваат КФМ Бутел – КМФ Кеги Моби и КМФ Балкан – КМФ Јувентус Серава.
Натпреварите се играат на 10 и 11 март.










