РФМ одржа состанок со судиите и побара непристрасност!

39

Пред почетокот на плеј-оф и плеј-аут натпреварите, Ракометната федерација на Македонија одржа состанок со судиските парови кои ќе бидат задолжени за делење на правдата.

„Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше одржан состанок со ЕХФ/ИХФ судиските парови.
На состанокот се разговараше за принципите на транспарентност, објективност и непристрасност, како и за доследна примена на судиските критериуми во пресрет на натпреварите од плеј-оф и плеј-аут фазата во натпреварувачката сезона 2025/26.

РФМ останува посветена на обезбедување фер и професионални услови за сите учесници во натпреварувањето“, стои во известувањето на РФМ. 

Плеј-оф и плеј-аут мечевите стартуваат овој викенд, а не чека доста интересна сезона.

ПретходноИнтервју со Владо Илиевски: Македонија ми е во срцето, тука сонцето е поразлично од било кое друго во светот!
СледноМеси ги излуди навивачите во Порторико