Македонскиот интернационалец во дресот на Железничар од Сараево, Матеј Цветаноски вчера доживеа тешка повреда на меч од шампионатот на босна и Херцеговина.
Цветаноски има скршеница на ногата и ќе биде надвор од терените долго време. Раиф Зеба, Косориќ и Ѓурбузовиќ денеска го посетија Цветаноски во болница, каде ми била извршена и операција.
Железничар го објави ова на социјалните мрежи, а воедно испрати и јасна порака.
„Тој е луд, тој е силен, тој е Жељин манијак“, е пораката од Железничар.










