Нестор “тресе“ за победа на Славен Белупо!

90
ФОТО:facebook.com/nksb1907/

Кој си знае и тоа како си знае. Така и искусниот напаѓач, некогашен репрезентативец на Македонија вечерва покажа уште еднаш дека и натаму знае да постигнува голови. Во меч од 24.коло во ХНЛ, Македонецот во 64.минута ја затресе мрежата на Истра и успеа на својот тим Славен Белупо да му донесе победа од 1:0. Токму тој гол беше решавачки за победникот на овој меч во Копривница.

Инаку овој гол на Илија Несторовски е шести сезонава во елитната лига во Хрвтска за искусниот напаѓач кој има 35 години ама знае и натаму како треба да се тресат противничките мрежи.

ПретходноЛШ: Арсенал е најголем фаворит за титулата, Реал Мадрид дури деветти! (ФОТО)
СледноСефте победа во „Градски Парк“: Македонија и натаму е класа за Луксембург (ФОТО)