Утре со почеток од 14:00 часот во Струга, во рамките од новото 20. коло од ПМФЛ шампионатот се игра големото дерби помеѓу екипите на Струга ТЛ и Вардар.
Двата тима во моментов се на самиот врв на табелата. Вардар е лидер, а Струга ТЛ е трета со девет бодови негатива. Нешто што со евентуален утрешен домашен триумф ќе се сведе на шест поени, сосема реална разлика за анулирање до крајот на шампионатот.
Капитенот на домашните, искусниот Буњамин Шабани е сигурен во добра игра на утрешниот меч.
“Иако не започнавме како што очекувавме, работевме напорно во сите аспекти за да се вратиме на победите и мислам дека е вистинскиот момент да почнеме да победуваме и да се вратиме на позитивни резултати. Вардар е лидер, има тим со квалитетни играчи, но имаме и добар тим што може да се соочи со секој тим и тоа ќе го докажуваме континуирано“ – изјави Шабани па додаде.
„Отсуствував на првите натпревари по повредата во подготвителната фаза, сега повредата е зад мене и од утрешниот натпревар сум подготвен да дадам се од себе и да му помогнам на тимот.“ – вели искусниот играч за врска па поентира.
„Нормално играме во Струга, па очекувам и поддршка од нашите навивачи. Знаеме дека дерби натпреварите создаваат посебни моменти. Максимално сме подготвени, работевме добро и мислам дека е време да се вратиме на победите.“ – изјави пред утрешниот меч Буњамин Шабани.















