АП Брера успеа да слави гостинска победа во Куманово совладувајќи го Башкими со 0-2. По поразот од Работнички во минатото коло, тимот на Мартин Алаѓозовски одговори на соодветен начин и се врати на победнички колосек.
Стрелец на голот вреден три бода беше Зоран Ивановски во 44-та минута. Тој доби употреблива топка во шеснаесетникот и успеа да ја затресе мрежата на Башкими. Во второто полувреме Башкими тргна по израмнување.
Мемети го погоди дирекот во 69-тата минута, потоа се закани и Аворнио, кој шутираше силно од работ на шеснаесетникот.
Сепак, голманот на Брера, Даниел Диковски, одлично одбрани. По ова имаше обид и од Личина, но АП Брера не само што успеа да ја сочува мрежата, туку и постигна втор гол преку Никола Величковски во 93-тата минута.















