Втора победа на “волците“ сезонава: Гомеш и Гомеш ја шокираа Астон Вила!

64
ФОТО:facebook.com/wolves/

Вулверхемптон ја победи Астон Вила на домашен терен со резултат од 2:0 во натпреварот од 28-то коло од англиската Премиер лига.
Старата поговорка „нема фаворити во дербито“ можеби е излитена, но вечерва во случајот со дербито на Западен Мидлендс, се покажа како вистинита бидејќи веќе прежалениот Вулверхемптон го победи тимот кој активно се бори за врвот на табелата.
Првото полувреме помина без многу возбудувања, само обидот на Даглас Луис го принуди Жозе Са да ги загрее ракавиците.
Следеше многу солидна игра на Молињу, само за Жоао Гомеш да ги разгали домашните навивачи во 61-та минута кога ја круниса исклучително убава акција со гол по додавање од Армстронг.
Вила се обиде да оди на „сè или ништо“, но освен неплодна теренска иницијатива, практично ништо не се виде од екипата на Унаи Емери сè до последните моменти кога ударот на Абрахам од гол-линијата го одбрани Москер.
Родриго Гомеш додаде сол на раната на Вила со практично последниот напад на натпреварот за конечни 2:0.

ПретходноИ тоа го има: Кога ќе те повикаат да бидеш заменет, а ти….!(ВИДЕО)