И тоа го има: Кога ќе те повикаат да бидеш заменет, а ти….!(ВИДЕО)

184
ФОТО:Printscreen

Сцена која ретко се гледа во фудбалот, ама ете и тоа го има. Имено на мечот меѓу Трабзон – Караѓумрук, играч беше повикан да биде заменет, ама тој не сакаше да го напушти теренот.

Се играше 35-тата минута од натпреварот Трабзон – Карагумрук кога гостинскиот тренер Александар Станојевиќ сакаше да направи промена, да го извади Матијас Краневитер од теренот и да го испрати Беркај Озкан во игра. Иако судиите си ја завршија работата, четвртиот го крена семафорот на кој играчите стоеја за замена, но тоа не се случи. Краневитер мавташе со раката, не сакаше да го напушти теренот и шокираниот Станојевиќ мораше да се откаже од својата намера. Сепак, Аргентинецот не остана долго во играта, бидејќи беше заменет на полувремето, а како го помина времето во соблекувалната помеѓу двете полувремиња од играта, тоа го знае само тој и тренерот.

ПретходноИграчи на Фенербахче и Галатасарај се соочуваат со високи затворски казни!
СледноВтора победа на “волците“ сезонава: Гомеш и Гомеш ја шокираа Астон Вила!