Познати се двојките и во осминафиналето од Лигата на Европа

568

Откако претходно беше извршена ждрепката за Лигата на Шампионите, осминафиналната фаза, следуваше онаа во која беа извлечени двојките за Лигата на Европа.

Во неа, на почетокот се паднаа, белгиски Генк со екипата на Фрајбург. Следуваше италијанскиот дуел помеѓу Болоња и Рома, за да потоа Ференцварош ја пречека португалска Брага.

Штутгарт ќе се сретне со Порто, додека Панатинаикос ќе игра со шпански Бетис. Нотингем Форест за противник го доби Митјиланд, додека Селта има тежок дуел против Лион.

Лил кој синоќа го преживеа пеколот во Белград и ја мина Црвена Звезда, сега оди на уште потежок меч и се среќава со Астон Вила.

Осминафиналните дуели се играат на 12 односно 19 март, додека пак четвртфиналните се закажани за 9 односно 16 април. Полуфиналето ќе го гледаме на 30 април односно 7 мај, а финалето е на 20 јуни во Истанбул.

 

 

 

ПретходноБеќири: Очекував дека до крај ќе се бориме за осминафинале, а не дека ќе запишеме убедлив пораз
СледноИсторијата на меѓусебни пресметки вели: Македонија е класа за Луксембург