Салата „Градски Парк“ конечно доби ново руво. После долги години храмот на Работнички има поинаков изглед, а први кои ја сефтосаа салата се кошаркарите. Македонија денеска одигра меч од претквалификациите за пласман на Европското првенсто 2029 година и запиша победа од 79-70.
Убаво беше да се види оваа сала со нов изглед, скоцкана и модерна, но однадвор приказната беше поинаква. Македонската некултура не изостана, во отсуство на корпа за ѓубре, сите оние кои дојдоа да ја бодрат Македонија, немаа трпение, па пластичните шишиња и хартии ги оставија пред врата. Дел биле покултурни, па се снајдоа, спонтано си создале шанг.
Сликата е жална….










