Шампионот со убедлив триумф во Кавадарци!

33

Ракометарите на Пелистер со убедлива победа го “отворија“ плеј – офот во нашата ракометна Суперлига. Шампионот вечерва на гости кај Тиквеш славеа со 24:43.

Битолчани немаа никакви проблеми да дојдат до победата, таа се насетуваше уште во раната фаза од средбата а првиот дел гостите го добија со 14:21 и со тоа го “скршија“ отпорот на ракометарите на Тиквеш.

Во продолжение од средбата само со билдаше разликата во корист на Пелистер кој на крајот дојде до убедлива победа.

Манасков со шест голови беше најефикасен кај гостите, Кузмановски запиша пет, како и Павле Атанасијевиќ. Мијушковиќ со 6 голови беше најефикасен кај кавадарчани.

ПретходноБерокал: Оваа победа е многу важна за нас и за мене на моето деби како селектор!
СледноПред сала ѓубре колку сакаш, не научивме да го носиме со себе кога веќе нема корпи!