Женската ракометна репрезентација на Македонија, ја очекува една од најважните натпревари во квалификациите за Европското првенство во 2026 година.
Противник на „црвено – жолтите“ е селекцијата на Белгија која исто како нас нема остварено победа.
Првиот меч се игра на гостински терен на четврти март, додека реваншот е закажан за седми март во салата во Куманово, со почеток од 17:00 часот.
Македонската Ракометна Федерација веќе ги пушти во продажба билетите за овој важен натпревар по популарна цена од 100 денари. Од нашиот табор, познавајќи ја кумановската публика, очекуваат поли трибини, за да зачекорат кон пласман на ЕП 2026 година.
Селекторот Кристијан Грчевски подготовките за овие два квалификациски дуели ги стартува в понеделник. На неговиот списокс е најдоа 20 ракометарки.










