Атаман предизвика хаос во Евролигата: Ја фрли таблата, им се закани на судиите и беше исклучен (ВИДЕО) 

273

Ергин Атаман предизвика хаос во Евролигата. Тренерот на Панатинаикос прво беше бесен на своите играчи, а потоа и на судиите. Сето ова се случи на натпреварот против Париз, кој неговиот тим го загуби во Атина (104:99). Болен пораз пред сопствената публика, и против тим кој нема шанси да се пласира во плејофот.

Прво, турскиот стручњак беше бесен поради лошата игра на своите играчи. Камерите го фатија во бес додека ја креваше таблата и ја фрлаше на подот. Бараше начин некако да го „разбуди“ тимот од летаргијата, но не можеше да го стори тоа.

Грчкиот тим некако успеа да се врати во натпреварот и во последните минути, при 101:99 за Париз, имаше шанса да го сврти резултатот. Хејс-Дејвис шутираше за три поени, промаши и тврдеше дека е фаулиран, или поточно удрен во лактот додека се креваше за да шутира. Атаман го сигнализираше и ова, само што во еден момент целосно го изгуби трпението.

Влезе на теренот, почна да им се заканува на судиите, да вика, беше исклучен од натпреварот, а Париз стави крај на тоа и победи.

 

ПретходноНејмар постигна гол и го повтори контроверзниот танц на Винисиус (ВИДЕО)
СледноТравали: Чувството е посебно против поранешниот клуб, сега одиме на победа