Пред сала ѓубре колку сакаш, не научивме да го носиме со себе кога веќе нема корпи!

270

Салата „Градски Парк“ конечно доби ново руво. После долги години храмот на Работнички има поинаков изглед, а први кои ја сефтосаа салата се кошаркарите. Македонија денеска одигра меч од претквалификациите за пласман на Европското првенсто 2029 година и запиша победа од 79-70.

Убаво беше да се види оваа сала со нов изглед, скоцкана и модерна, но однадвор приказната беше поинаква. Македонската некултура не изостана, во отсуство на корпа за ѓубре, сите оние кои дојдоа да ја бодрат Македонија, немаа трпение, па пластичните шишиња и хартии ги оставија пред врата. Дел биле покултурни, па се снајдоа, спонтано си создале шанг.

Сликата е жална….

ПретходноШампионот со убедлив триумф во Кавадарци!
СледноКвалификации за СП: Турско славје среде Белград, Црногорска сензација во Атина