ПМФЛ: Реми во големото дерби, Струга ТЛ го сопре Вардар!(ФОТО)

231

Струга ТЛ – Вардар 1:1 е исходот од големото дерби во ПМФЛ и дербито на 20.коло кое се одигра попладнево во Струга. Гостите поведоа со голот на Матиќ во 13.минута а израмни Малески во 80.минута. Лидерот беше подобар во првиот дел, Струга ТЛ во второто полувреме имаше повеќе од играта. Се чини реално реми. Па така Струга ТЛ нема победа и во четвртиот меч оваа пролет, а Вардар нема “четири од четири“.

Вардар започна агресивно, напаѓачки со висок пресинг. И првата шанса ја имаше Закариќ, но домашниот голман Василев го одбрани тој удар на гостинскиот фудбалер. Радески врати на другата страна само две минути подоцна, но неговиот шут заврши над голот. Следуваше ударот на Николов, но Василев повторно одбрани, но не успеа во таа 13.минута кга Матиќ убаво со глава ја затресе мрежата на домашните за 0:1, откако претходно Закариќ нафрли од корнер.Во 24.минута Радески падна, имаше контакт со еден гостински играч, но судијата Фуркан Идризи не покажа на белата точка, а и ВАР не реагираше, бадијала беа протестите на домашните. Струга ТЛ во тие моменти не одигра како што треба, не успеа да се наметне, тука не го сметаме опасното нафрлање на Илиевски пред голот на Талески, но таму немаше никој од неговите соиграчи.

СТРУГА ТЛ ТРГНА НА СЕ ИЛИ НИШТО

Во второто полувреме некоја нова Струга ТЛ на теренот. Уште во 47.минута Компаоре имаше супер шанса за израмнување, но сантиметри го делеа од радост. Пет минути речиси зицер за Копмаоре, но Талески со фантастична парада го спасуива својот гол. Во 60.минута дуел меѓу Матиќ и Компаоре, домашните повторно бараа пенал.

Вардар откако го одби притисокот на домашните, се закани преку Закариќ во 66.минута, но сега и домашниот голман Василев се истакна.

Во 71. и 74. две шанси за Струга ТЛ, но прво Компаоре задоцни на таа топка, а потоа и Шабани од изгледна ситуација шутираше над голот на Талески.

И навистина има зошто да жалат домашните. Во второто полувреме одиграа добро, имаа неколку шанси, но едноставно не знаеја како да го совладаат извонредниот Талески.

Но сепак гол, и тоа во 80.минута и тоа со голот на Малески. Прво беше досуден офсајд, но од ВАР собата беше потенцирано дека голот е исправен и Струга ТЛ израмни.

Во 88.минута многу среќа за дошаните, кога Босанчиќ, инаку екс – фудбалер на Струга ТЛ од околу 18 метри биеше силно, но ја погоди стативата, воздишки кај гостите.

No description available.

 

No description available.

No description available.

 

No description available.

 

No description available.

No description available.

ПретходноПанчурова: Помладите носат позитивна енергија и победнички дух!
СледноВМФЛ: Големото дерби без победник, Скопје славеше против Беласица, Брегалница го “торпедира“ Вардар (Н)