Македонскиот фудбалски шампионат денеска на програмата има дел од мечевите од тековното 20 коло во кое што лидерот Вардар гостува кај Струга ТЛ во дефинитивно мечот кој што се нарекува дерби.
„Црвено-црните“ во овој меч влегуваат по шок елиминацијата во Купот на Македонија каде што загубија на пенали од Охрид и тоа на свој терен.
Сега, поучено од она што се случи пред неколку дена, избраниците на Гоце Седлоски имаат за задача играчки и резултатски да се рехабилитираат и да им се вратат во првенството со нова победа.
„Денеска мора да одиграме на највисоко ниво како би се рехабилитирале колку толку по она што ни се случи во Купот на Македонија. Теренот во Струга, Трим Лум како противник е тежок сериозен, но ние веруваме во нашите способности. Со победа добиваме многу, и затоа ќе направиме се за да ги однесеме трите бода за Скопје“ – вели играчот за врска на Вардар, Немања Босанчиќ.
Натпреварот меѓу Струга ТЛ и Вардар се игра со почеток во 14 часот.














