Ведрана Тунески освои бронза на Г2 турнирот „Бугарија Опен“

66

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески се враќа со бронзен медал од Г2 турнирот „Бугарија ОПЕН“, еден од најсилните турнири во светот. Ведрана оствари три големи победи и обезбеди бронзен медал.

Во првата борба нашата таеквондистка славеше над Балич од Украина со 2:0, а потоа оствари триумф и над Јоаниду од Грција со истиот резултат. Во третата борба со 2:0 ја победи Андреу од Грција, но во битката за финале беше поразена од Меистининкаите од Ирска.

Ведрана е репрезентативка и член на Таеквондо Бутел, а на овој Г2 турнир настапи во категорија -51 кг. Таа е носител на европски пионерски бронзен медал во олимписко таеквондо.

ПретходноИФАБ донесе нови фудбалски правила кои стапуваат во сила на СП 2026
СледноЛукаку со последните секунди за победа на Наполи, Елмас одигра цел натпревар