Така е тоа. Кога има многу најави, кога дербито е екстра важно, кога се среќаваат екипи кои се со подеднаков квалитет, па на крајот обично резултатот е 0:0. Така беше и на големото дерби од 17.коло во ВМФЛ меѓу Охрид и Шкендија Арачиново. По ова реми Охрид и натаму е лидер.
Скопје со 1:0 славеше против Беласица и тоа со прекрасниот гол со петта на Трајчевски и освои екстра значајни три бода, екстра важни во битката за највисок пласман.
Брегалница конечно се “разбуди“, конечно одигра како што треба и со 7:1 просто го декласира тимот на Вардар Неготино. Коцев, Ѓорѓиев, Тасев, Мемеди, Талески и Иванов два, ова беа стрелците на штипските „сини“.
И Новаци дојде до големи три бода откако го победи Кожув, а Детонит со 2:1 славеше против Тетекс.
РЕЗУЛТАТИ – 17.КОЛО
Брегалница – Вардар (Н) 7:1
Детонит – Тетекс 2:1
Скопје – Беласица 1:0
Г. Коњари – Слога (В) 2:2
Саса – Победа 2:0
Новаци – Кожув 1:0
Охрид – Шкендија (А) 0:0
Преспа – Осогово 0:1
ТАБЕЛА
Охрид 40, Шкендија 39, Брегалница 36, Скопје 35, Новаци 33…










