Полувреме: Вардар со водство на дербито во Струга, Матиќ беше стрелец за 0:1! (ВИДЕО)

74

Заврши првото полувреме од дербито на 20.коло меѓу Струга ТЛ и Вардар и тоа со водство на лидерот со 0:1. Стрелец на голот беше Матиќ во 13.минута кога дефанзивецот на Вардар убаво се снајде пред домашниот гол и со шут со глава ја затресе мрежата на домашниот голман Василев.

Вардар беше подобар, во неколку наврати опасно се закани по домашниот гол, и тоа преку Закариќ и Николов.

На другата страна Радески беше најопасен кај домашните, во 9.минута шутираше над голот на Талески, потоа се најде очи во очи со гостинскиот голман кој одбрани, но претходно беше свирено офсајд. Во 24.минута домашните бараа пенал кога Радески, откако беше во контакт со еден вардаров фудбалер, падна, но според судијата Фуркан Идризи и според ВАР тоа не било доволно за да се суди најстрога казна.

ПретходноУЕФА ги објавува финансиите на клубовите, Челзи прв на удар
СледноПотешко не можеше: Њукасл за 18 дена ќе мора да одигра шест дербија!