За Њукасл следува најтешкиот дел од сезоната. Просто е неверoјатно каков распоред ги чека “црно – белите“. Потешко не можеше, и сами да го правеа распоредот по тежина немаше да го одберат.
За што всушност станува збор. Па, „црно-белите“ ќе одиграат дури шест натпревари за 18 дена, и дерби до дерби и тешко е да се издвои еден натпревар што е помалку важен од друг. Добрата вест е дека играат четири натпревари дома. Но кога ќе се види со кога се среќава тимот на Еди Хау за тие 18 дена, тогаш јасно е за што се работи,
Да започнеме по ред, прво во Премиер лигата ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед на 4 март, а три дена подоцна ќе играат во ФА Купот против Манчестер Сити, двата на домашен терен.
Следно е натпревар против Барселона во Лигата на шампионите, исто така дома, а потоа гостување кај Челзи на 14 март, а неделата ја затвораат со уште еден натпревар против Барселона на стадионот „Камп Ноу“.Сето ова ќе биде зачинето со најголемото дерби за навивачите на Њукасл, она против Сандерленд на 22 март.










