РК Пелистер ги пушти во продажба билетите за мечот со ПСЖ! (ФОТО)

45
ФОТО:facebook.com/hceurofarmpelister

Како што информираат од таборот на нашиот ракометен шампион, денеска се пуштени во продажба билетите за последниот домашен дуел на Пелистер во ЛШ и тоа против ПСЖ. Натпреварот со францускиот гигант се игра на 04.03.2026 (среда) со почеток од 20.45 часот а се игра во салата “Боро Чурлевски“ во Битола.

Нема сомневање и на овој меч дека салата ќе биде исполнета и дека Филип Кузмановски и другатите ќе ја имаат големата поддршка од фановите. Јасно е дека ПСЖ со својот квалитет и големина е голем фаворит, но ова ќе биде шанса за избраниците на Стевче Алушовски да ги искажат своите квалитети против еден така силен противник.

ПретходноАлкалоид и Вардар 1961 во ново дерби во Автокоманда
СледноПМФЛ: Работнички ја доби пресметката на дното!